Автоматски агрометеоролошки станици
Нумеричка прогноза модел NMM
Метеограм , 28 Feb 2021

Прогноза
Прогноза за 27.02.2021
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см): 23 Попова Шапка.
Времето денес (27.02.2021 год.): Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има
зголемување на облачноста и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе се задржи и во текот на ноќта.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево, попладне со умерена облачност. Ќе
дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен ветер од северен правец.
Т = 20 °C, P = 986 hPa, U = 30 %, V = 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
НАЈАВА: Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална
облачност. Утре и во понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен
северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени. Утринските
температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе
бидат во постепен пораст.
За повеќе информации на следниот линк: https://uhmr.gov.mk
Агрометеоролошка состојба
Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 26.02.2021 год.
Наглата промена на времето во изминатава седмица со дневни температури и до 20 оС како и драстичното покачување и на утринските температури, но и времетраењето на ваквите временски услови, наведуваат на констатацијата дека процесите за пролетно обновување на вегетацијата кај овошките се неминовни, уште повеќе што и пред ладниот бран имаше во Републиката појава на почеток на вегетација, па и појава на цветови во јужните делови.
Ваквите временски услови во овој период се карактеризираат како неповолна агрометеоролошка состојба, заради фактот дека и време и услови за касни пролетни мразеви сеуште има, со што и опасноста од евентуални штети од измрзнувања и губење на родот, сеуште е голема.
И во текот на наредната седмица се очекува стабилно време но со малку пониски дневни температури кои не треба да надминат 14 оС, што е добро, да не дојде до нагло ,,будење,, на овошките.
Прихранувањето на есенските посеви и понатаму треба да остане приоритет, но исто така и кроењата на овошките и виновата лоза кои се неопходни за успешно производство.