Автоматски агрометеоролошки станици

Нумеричка прогноза модел NMM

Метеограм , 22 May 2019

Прогноза

Временска прогноза за 22.05.2019

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 2 Крива Паланка, 1 Маврово, Дебар.

 Времето денес (22.05.2019 год.): Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе има појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд. T= 26 °C, P= 978 hPa, U= 38 %, V= 2 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер) 

НАЈАВА: Утре и во петок во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне повторно ќе има повремени врнежи од дожд проследени со грмежи. 

За подетална прогноза на следниот линк https://uhmr.gov.mk

Агрометеоролошка состојба

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  17.05.2019 год.

Врнежливото време кое се одржуваше во изминатата седмица со повремени врнежи од дожд во поголем дел од Републиката, кои пообилни беа само во западните делови, а беа пропратени и со пониски дневни температури на воздухот кои го успорија развојот на земјоделските култури особено кај раните сорти на овошки.

Во наредниот период се очекува стабилизирање на времето, без врнежи и со повисоки дневни температури, кои ќе овозможат  услови за интензивен развој на плевели, но и услови за развој на болести, состојба на која што земјоделците треба да обрнат посебно внимание.

Повисоката влага во површинскиот слој од почвата која е забележана во овој период за кратко време ќе се намалува и ќе овозможи влегување во нивите и изведување на земјоделските работи на отворено како окопување, сеидба, расадување и сл.  

Сувото време без врнежи ќе овозможи опрашување и оплодување кај житните култури, но повисоките дневни температури ќе значат и нормализирање на развојот на сите останати култури.