За ФАО и Агрометео.мк


Agrometeo.mk е специјализирана Веб страница за агрометеоролошка прогноза, која на едноставен и разбирлив начин ги презентира информациите потребни на земјоделците за преземање на соодветни агротехнички мерки.

Со Веб страната управува Управата за хидрометоролошки работи на Република Македонија (УХМР), а истата е реализирана во рамки на проектот “Намалување на ранливоста на земјоделството кон климатски промени”, финансиран од Организацијата за xрана и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО), кој се спроведе во периодот 2015 - 2017 година во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

Во рамки на проектот се набавени и три модерни автоматски метеоролошки станици, инсталирани на три локации: Градско, Кочани и Струмица, со кои управува УХМР, на кои локации се произведуваат стратешки земјоделски култури: градинарски, овошни и ориз, за коишто е многу важно редовното следење на временските прилики. Временските податоци обезбедени преку метеоролошките станици се од сега достапни на земјоделците преку Агрометео.мк во вид на временски (дневни и сезонски) прогнози, аларми (метео-аларми, аларми за болести кај растенијата, агро-аларми: поволни / неповолни услови за прскање / работа на терен), фенолошки набљудувања, вклучително фенолошки фази за растенија по региони, како и информации во форма на документи за преземање (временска прогноза и информации и агро-прогнози)

Прогноза

Прогноза за 27.11.2020

Времето денес (27.11.2020 год.):  Сончево со слаб променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево. Т = 10 °C, P = 987 Pa, U = 48 %, V = 2 m/s.

(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

НАЈАВА: Утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со слаба претпладневна магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста. Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

За повеќе информации на следниот линк: https://uhmr.gov.mk

Агрометеоролошка прогноза

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  27.11.2020 год.

Антициклонот кој многу долго се одржува над нашето подрачје услови, стабилно и суво време без врнежи во текот на  месец ноември, што неповолно се одразува врз поникнувањето на покасно посеаните површини под житни култури.

Изминатата седмица се забележани и првите мразеви на територијата на целата Република, кои не причинија никакви штети заради касната појава.

И во текот на наредната седмица не се очекуваат врнежи кои би ја решиле состојбата со почвите, водотеците или акумулациите, но сепак промената на времето во почетокот на седмицата и кон средината со услови и за слабо провејување на снег на повисоките места или со температури на воздухот каде утринските ќе се движат од -1 до -6 и дневните од 5-10 оС со претежно облачно време, ќе им го претстави на земјоделците вистинскиот  есенски амбиент, во период кога имаат и најмалку работа на отворен простор.

Преземи документи

Преземи агро документи