Нумеричка прогноза модел NMM

Метеограм , 29 Jan 2020

Прогноза

Прогноза за 29.01.2020

Снежна покривка до изутрина (во см): 7 Попова Шапка, 4 Маврови Анови. 

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 6 Лазарополе, 5 Маврово, 1 Охрид. 

Времето денес (29.01. 2020 год.): Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во ноќните часови во северните делови врнежите локално ќе преминат во снег и во некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во текот на ноќта во повисоките делови на котлината ќе има услови за повремен снег. T= 10 °C, P= 977 hPa, U= 68 %, V= 4 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

НАЈАВА: Утре претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Потоа следува претежно стабилно и потопло време.

За повеќе информации на следниот линк: https://uhmr.gov.mk

Агрометеоролошка прогноза

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  24.01.2020 год.

Зимската суша е главната одлика на изминатиот период, а надпросечните температури на воздухот за овој период од годината дополнително ја усложнуваат состојбата со намалување на и онака ниската влага во почвата. Ваквите временски услови единствено се погодни за изведување на работи на отворено околу кроење на праската и виновата лоза.

Заради ваквите временски услови се елиминира можноста да се изврши првото прихранување кај порано посеаните  есенски култури кои  во овој момент се во понапредни фази.

Прогнозите и за наредната седмица не нудат ништо поразлично од досегашните временски услови, со минимални утрински температури до  -5 оС до 0 оС и дневни температури на водухот од 6 до 14  оС кои, само дополнително ќе ја влошат состојбата и со влагата и воопшто со развојот.

Ваквите временски услови се невообичаени за јануари месец,

Преземи документи

Преземи агро документи