Нумеричка прогноза модел NMM

Метеограм , 13 Jun 2021

Прогноза

Прогноза за 12.06.2021

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 10 Струмица, 9 Крушево, 8 Гевгелија, 6 Битола, Д.Капија, Лазарополе, 5

Скопје-З.Рид, 4 Штип, Виница, Попова Шапка, 3 Берово, Дојран, Маврово, 2 Прилеп, Претор, 1 Кр.Паланка, Тетово,

Дебар.

Времето денес (12.06 2021 год.): Променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд,

грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силни

електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 30 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно

со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има и услови за поинтензивни процеси

со појава на град. T= 28 °C, P= 980 hPa, U= 48 %, V= 4 m/s.

(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

НАЈАВА: Утре ќе се задржи променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне

и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат

поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град. Во

понеделник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително

затоплување се очекува од средината на следната седмица.

За повеќе информации на следниот линк: https://uhmr.gov.mk

Агрометеоролошка прогноза

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  04.06.2021 год.

            Врнежите од дожд во изминатата седмица иако со различни количества, сепак на поголем број мерни места беа со двоцифрени вредности, особено битно што во Пелагонија-Битолскиот дел и Штипско имавме 18 односно 24 л/м2, додека во источните и североисточните делови над 32 во Виница и Крива Паланка и рекордни 111 во Берово.

            Карактерот на врнежите, добиени од нестабилност, не гарантира секогаш дека истите количества се забележани на целата територија, напротив може да се случи голем дел од површините да не добијат воопшто, а на други места, да бидат забележани измерените или поголеми количества.

            Ваквите врнежи се повеќе од добредојдени за пченицата која заврши со цветање, и во овој период и требаше вода во површинскиот слој, која колку толку ја доби, и се чини дека засега е во границите кои гарантираат дека успешно ќе се завршат овие процеси.

            Во наредната седмица не очекува променливо време со повремени врнежи од дожд скоро во целиот период, при што кон средината на седмицата се очекуваат врнежи на целата територија, што дополнително ќе ја подобри влагата во почвата и состојбата кај сите култури.

            Температурите на воздухот очекуваме да бидат во границите на просечните, умерени, со вредности од 19 до 28 оС, оптимални за сите видови на култури, како за посевите така и за овошките и виновата лоза, каде недостатокот на влага не се чувствува во овој момент, но очекуваме да се надополни. 

Преземи документи

Преземи агро документи