Нумеричка прогноза модел NMM

Метеограм , 28 May 2020

Прогноза

Прогноза за 25.05.2020

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 4 Демир Капија, 3 Прилеп, 2 Крушево, Дојран.

Времето денес (25.05.2020год.): Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во крајните западни

делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен

ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува

умерен северозападен ветер. T= 22 °C, P= 986 hPa, U= 38 %, V= 5 m/s.

(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

НАЈАВА: Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и посвежо со

повремени врнежи од дожд. Утре и во среда ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и

засилен северен ветер.

За повеќе информации на следниот линк: https://uhmr.gov.mk

Агрометеоролошка прогноза

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после 22.05.2020 год.

Наглото затоплување на атмосферата со надпросечни дневни температури кои достигнаа и над 34 оС, беше главна одлика на времето во изминатата седмица, но ваквите температури предизвикаа и зголемено испарување на влагата од почвата особено во површинскиот слој, каде во овој момент најчесто се наоѓа семенскиот материјал или кореновиот систем на пролетните култури. Врнежите од дожд со количества од 6-10 л/м2 со исклучок на Крива Паланка каде наврнаа 15 л/м2 не беа доволни но сепак се добредојдени.

Прогнозираните временски услови за наредната седмица, а тоа се повторно променливо време со повремени локални врнежи од дожд и одржување на дневните температури, на ниво од 18-23 оС ќе допринесат за постепено поникнување на веќе посеаното и поумерен развој на  културите. Дополнителните врнежи можат само да ја надополнат изгубената влага во изминатиот период.

И во наредниот период ваквите временски услови во овој период на интензивен развој на пчелните семејства нема да им бидат во прилог, и кај истите ќе има мал застој.

Преземи документи

Преземи агро документи