SPI

  • 19 Dec 2018      SPI1: -0.869      SPI2: -1.308      SPI3: -1.588      :: Градско

  • 25 Dec 2018      SPI1: -1.621      SPI2: -1.742      SPI3: -2.901      :: Кочани

  • 25 Dec 2018      SPI1: 0.881      SPI2: 0.719      SPI3: -0.083      :: Струмица

       Катастрофална суша
       Екстремна суша
       Јака суша
       Умерена суша
       Слаба суша
       Нормално
       Мала влажност
       Умерена влажност
       Јака влажност
       Екстремна влажност
       Катастрофална влажност


SPI индекс
Стандардизираниот индекс на врнежи е индекс на веројатност кој ги зема во предвид само врнежите. SPI е индекс кој се заснова врз веројатноста на појава на количество на врнежи, при што веројатностите се стандардизирани така што индексот за нула укажува на средно количество на врнежи (половина од историските количества на врнежи се под средните, а половина се над средните). Индексот е негативен за суши, а позитивен за влажни состојби. Кога сушните или влажни состојби ќе станат посилни, индексот станува понегативен или попозитивен. SPI се пресметува за неколку временски периоди, движејќи се од еден месец до 24 месеци, за да зафати различни периоди на краткорочни како и на долгорочни суши.

Вредностите на SPI се пресметани за главните, климатолошките и дождомерните станици во Република Македонија (60 станици) за периодот 1961-2010 користејќи софтвер добиен во рамките на Проектот DMCSEE. Споредбата и анализите се направени за SPI1, SPI3, SPI6, SPI 12, SPI24 и SPI36.
3-месечниот SPI (стандардизиран индекс на врнежи) дава споредба на врнежите за специфичниот 3-месечен период со сумата на врнежи од ист 3-месечен период за сите години вклучени во историските податоци.
3-месечниот SPI (стандардизиран индекс на врнежи) ги одразува краткорочните и среднорочните состојби на влажност и дава сезонска проценка на врнежите.
6-месечниот SPI (стандардизиран индекс на врнежи) ги споредува врнежите за тој период со истиот 6-месечен период на историските податоци. 6-месечниот SPI (стандардизиран индекс на врнежи) укажува на среднорочни тенденции на врнежите. Овој индекс на врнежи може да биде многу корисен за прикажување на врнежите за одредени сезони. Информациите од 6-месечниот стандардизиран индекс на врнежи може да се поврзуваат со аномалиите на речните токови и нивоата на вештачките езера.
9-месечниот SPI (стандардизиран индекс на врнежи) укажува на режим на врнежи за среднорочен временски период. На сушите обично им треба една сезона или повеќе за да се развијат.
12 месечниот SPI (стандардизиран индекс на врнежи) е споредба на врнежите за 12 непрекинати месеци со истите 12 непрекинати месеци за време на сите претходни години од расположивите податоци. Индексот во овие временски периоди гo одразува долгорочниoт режим на врнежи.