Метеограм , 22 Sep 2023
Прогноза за 28.03.2023
Времето денес (28.03.2023 год.): Променливо облачно и студено со сончеви периоди. На планините и на
повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен до силен ветер од северен
правец, особено во источните делови и долж Повардарието (локално над 80 км/час).
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно и студено со сончеви периоди.
Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе надминува брзина над 60 км/час.
T= 9 °C, P= 980 hPa, U= 28 %, V= 9 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
НАЈАВА: Утре ќе дува засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во
источните делови. До петок времето ќе биде стабилно, утре и во четврток утринските
температури во повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. За
време на викендот ќе има услови за повремен дожд.
За повеќе информации на следниот линк: https://uhmr.gov.mk
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 28.03.2023 год.
Во изминатата седмица, за време на викендов имавме топло време со постепено зголемување на облачноста и појава на врнежи од дожд и опаѓање на температурата во почетокот на неделата и појава на ниски минимални темеператури.
Во среда и четврток утринските температури во повеќе места ќе се спуштаат под нула. Минималните температури во среда ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, - 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март во четврток пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, - 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп. Ќе дува засилен северозападен ветер, на планините повремено ќе провејува снег. Потоа во следните денови температурата ќе биде во пораст.
Од агрометеоролошки аспект овие ниски минимални темератури, можат да причинат штети со појава на мраз претежно кај овошките кои се многу поосетливи во овој период, во однос на зимскиот период. Промените од појавата на мразот можат да се јават во цветовите со нивно проретчување. Кај овошките поотпорни на појава на пролетните мразеви се оние со затворен цвет, додека пак кај овошните видови со отворен цвет се повеќе осетливи, но најосетливи се со заметнат плод. Исто така степенот на оштетување од појава на мраз зависи од видот и сортата, фазата на развој во која се наоѓа растението, општата состојба на растението, позицијата на теренот, конфигурацијата на земјиштето, релјефот, типот на почвата и сл.